Писмо од силувано 5 годишно девојче кое ја посрамоти полицијата!


5 годишно девојче од Есекс било силувано од нејзиниот сосед, момче старо 12 години. Три години по силувањето нејзиното семејство се уште чека на извршување на правдата. Потрошиле 40.000 фунти на правни трошоци, а силувачот поминал само со предупредување „следниот пат да го направи тоа со некој на негови години“. А сега девојчето напиша отворено писмо кое посрами многу полицајци.

pedofil siluvanje

Кога синот на нивен семеен прјател ја силувал нивната петгодишна ќерка, Сара и Питер биле шокирани. Не само што на таков начин е одземена невиноста на толку младо суштество, туку детето преживеало и голема траума.

Тие веднаш го пријавиле случајот во локалната полиција во Есекс верувајќи дека тие ќе им помогнат да се казни напаѓачот на нивната ќерка. И по три години се уште чекаат на извршување на правдата.

Полицијата не го пријавила името на силувачот дури ни во Кралската обвинителна служба, така тој не е приведен во регистарот на сексуални престапници. Не биле земени отпечатоци ниту пак фотографии.

– Сите оние кои требаше да ја заштитат нашата ќерка не изневерија нас. Како да и веруваме на полицијата кога така лесно се однесуваа кон силувачот? Сите останавме смрзнати од тој факт, како на сите да ни застана животот. А нашата ќерка мисли дека нејзиниот глас не допира до властитe – вели Сара.

Нивната ќерка, која сега има осум години, одлучила да напише писмо до полицајците кои се вмешани во тој случај.

Писмото гласи вака:

Драг господине,
Кога имав пет години ми се случи нешто многу грдо и Вашата работа беше тоа да се казни. Но Вие не ја извршивте својата работа и ме изневеривте. Тоа ме растажува, вознемирува и ме чини бесна, бидејќи поминаа три години, а тој се уште не е казнет.

Дали тоа намерно го сторивте бидејќи тој има 12 години? Верував дека ќе ме извлечете, а вие само ме потопивте.

Мислев дека полицајците се добри и дека ги фаќаат лошите луѓе, но вие не сте такви. Не сте во право и би требало да го знаете тоа. Се надевам дека знаете дека сум многу разочарана поради тоа. Мислам дека треба да ми напишете писмо и да ми се извините, бидејќи јас го правам, тоа доколку, му згрешам на некого.

Се надевам дека во иднина подобро е се однесувате и дека работите ќе бидат како што треба. Се надевам дека еден ден ќе го стаса казната која ја заслужува.

Еден од полицајците одговорил на писмото на девојчето
„Многу ми е жал поради грешките коиги направи полицијата во Есекс во врска со твојот случај. Навистина ми е жал што си имала толку лошо искуство и се надевам дека во иднина ќе ти се случуваат само добри работи“, напишал тој.

Агонијата на ова девојче почнала во 2011 година, кога момчето кај кое  дошла со родителите ја одвело во својата соба. Таму и покажувал порно филмови на компјутерот,а потоа ја силувал. Следниот ден девојчето се доверило на својата мајка објаснувајќи и што и се случило.

– Ништо не можеше да ме подготви за тој момент кога сфатив што се случи. Таа беше многу вознемирена, бидејќи момчето и рекло дека всушност си играаат маж и жена и дека не смее никому да каже за нивната игра. Но таа никогаш ништо не криеше од нас – вели Сара.
Случајот бил пријавен во полиција, а момчето било испитано. За време на разговорот рекол дека некои негови другари се обиделе да го сторат истото со своите сестри, но ни за тоа ништо не било превземено.

Прекршокот на момчето се уште не е пријавен. Тројца полицајци кои учествувале во овој случај казнети се само со опомена.

– Нашето семејство никогаш нема да биде исто. Ние повеќе немаме верба во законот и правдата. Правда за нашата ќерка немаше – рекла Сара.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1