Писториус ослободен од обвинението за убиство со предумисла


Јужноафриканскиот суд соопшти дека државата не успеала да докаже дека Оскар Писториус е виновен за убиство со умисла, за случајот во кој ја застрела и уби неговата девојка Риве Стенкемп минатата година.

pistorius– Државата не успеа да докаже, во рамките на разумното сомневање, дека обвинетиот е виновен за убиство со предумисла. Едноставно не постојат доволно докази кои ќе го потврдат тоа, беше соопштено од судот.

Писториус на 14 февруари, минатата година, во својот дом во Преторија од огнено оружје смртоносно ја застрелал својата девојка. Тој тврди дека сметал оти Стенкемп  била провалник и затоа пукал кон неа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1