Питон го обвиткал целиот и сакал да го голтне – се спасил гризејќи ја огромната змија (Фото)


Гризејќи и удирајќи го со сета сила, Замбиецот Келвин Катока кој работи како багерист, се спасил со смртоносниот стисок на питон.

Kelvin KatokaКатока бил нападнат од питонот во еден рудник во северниот дел на Зимбабве, кога се симнал од багерот на кој работел за да се одмори. Питонот го забележал дури кога се обвиткал околу неговата нога.

– Питонот со огромна брзина се завитка околу моето тело и ме собори на земја, Се сетив дека имам ноже во џебот, па брзо го извлеков и почнав да ја бодам змијата. Во еден момент таа се доближи до моето лице, подготвена да ме голтне. Тогаш ја гризнав што можев посилно, изјви 25-годишниот Катока, кој веќе месец дена заздравува во болница од нападот на змијата.

Piton antilopaНо, змијата продолжила да го стега, а тој почнал да повраќа крв и набрзо се онесвестил. Во тој момент двајца негови колеги го пронашле, ја убиле змијата, а него го однеле во болница.

Питонот е една од најголемите африкански змии кои можат да пораснат и до седум метри должина. Питонот ја убива жртвата со давење, ја стиска силно така што пукаат коските, а жртвата губи свест, по што ги голта. Питонот може да проголта и големи животни, како антилопа, па дури и крокодил.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1