Тоа е новото јапонско пиво „Precious“ кое наводно може да ве направи помлади и поубави. Оваа јапонска пиварница тврди дека нивниот производ содржи колаген – природен протеин кој ја одржува кожата затегната, свежа и младолика.
Како што луѓето стареат, залихите на калоген се трошат, што е еден од главните причини зошто луѓето добиваат брчки.
Пивото „Precious“ кое го направи јапонската компанија „Suntory“, содржи два грама колаген по лименка и првенствено е наменето за жените.
– Мажите сега знаат дека девојката пие „Precious“ – ова беше една од бизарните реклами за новото пиво.