Љубовницата треба да и плати на сопругата 2,6 милиони долари


Сопругата на поранешниот сопственик на НБА – тимот, Лос Анџелес Клиперс, Доналд Стерлинг треба да добие 2.6 милиони долари од жената која нејзиниот сопруг ја оспипувал со подароци. Судијата Ричард Фруин пресудил во корист на Шели Стерлинг, бидејќи нејзиниот сопруг ги трошел парите кои биле стекнати со пот во бракот кој траел шест децении.

la klipers sopstvenik

Тој на љубовницата и купувал луксузни подароци, меѓу кои и автомовил Ферари. Адвокатот на љубовницата во одбрана истакана дека овие подароци биле купвани во времето кога двајцата биле веќе разведении и дека Шарлин нема што да бара од трето лице.

Судијата ги отфрли овие аргументи, а неговата пресуда ќе стнае правосилна за 15 дена, доколку нема жалба.

Стерлинг во американската јавност е познат и по своите расистички коментари, заради што мораше да го продаде тимот во НБА лига, на Стиф Балмер, за две милијарди долари. Адвокатот на Шели Стерлинг користел и други записи за да докаже дека на љубовницата Стивано и биле купени куќа, Ферари од 240.000 долари и постојано била финансиски кредитирана од Стерлинг. На снимките направени со телефонот на Стивано, се слуша како 80 – годишниот милијардер разговара со неа и и вели да ги сокрие подароците.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1