Овие ѕвезди биле поврзани со мафијата!


Вујкото на Френк Синатра, Бејб Гараванте, бил член на мафијашката група Морети. Гараванте во 1921-та година бил осуден за убиство, бидејќи го возел автомобилот за бегство по вооружен грабеж.Mafia

Познатите кои се дружеле, или биле во врски со членови на мафијата, тие односи се обидувале да го сокријат. Меѓутоа, бидејќи на будното око на светските таблоиди не може да му се сокрие ништо, ретко успевале во своите намери.

Елизабет Харли – Убавата британска актерка се поврзува со мафијашкото семејство Коломбо од Њујорк. Лидерот на кланот Коломбо, Дони Монтемарано, работел со Елизабет на еден филм. Светските медиуми пишувале дека Лиз и Дони брзо се спријателиле. Харли била свесна дека Монтемарано минал некое време во затвор за изнуда и рекетарство, но пријателството со него ѝ било многу поважно од неговото мрачно минато.elizabet harli

Френк Синатра – Вујкото на Френк Синатра, Бејб Гараванте, бил член на мафијашката група Морети. Гараванте во 1921-та година бил осуден за убиство, бидејќи го возел автомобилот за бегство по вооружен грабеж. Самиот Синатра бил познат по тоа што бил лидер на групата “The Rat Pack”, за која се зборувало дека е во тесни врски со мафијата. Сепак, Синатра целиот живот ги негирал врските со мафијата, иако е познато дека неговите родители работеле со криминалците. Синатра исто така многу време минувал со членови на семејството на Лаки Лучијано, а бил и пријател со телохранителите на Ал Капоне.

Мерилин Монро – Мерилин, наводно, последната вечер пред својата смрт ја минала со Сем Џанкан, кој бил познат гангстер. Двајцата наводно биле на викендичка на едно езеро во Калифорнија, и тој, според приказните, успеал да ја убеди Мерилин дека треба јавно да каже дека имала афера со тогашниот претседател Џон Кенеди.merlin-1-

Лајза Минели – Познатата геј икона била инспирација за многу изведувачи и уметници, но исто така имала и тесна врска со подземјето. Лајза била поврзана со мафијашкото семејство Гамбино, а се забавувала со актерот Џани Русо, кој бил член на мафијата.

Роберт Де Ниро – Познатиот актер признал дека се дружел со членови на мафијата, но само како подготовка за улогите во своите филмови. Де Ниро самиот неколку пати глумел мафијаш, а додека се подготвувал за улогата во филмот “Analyze This”, минал многу време со Енди Руџан, кој бил познат по прекарот “Дебелиот Енди”.arnon-milcam-so-deniro

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1