Пиво турнеја: Со Фиќо ќе одат во пиварите низ цела Југославија – и Скопје е на мапата (Видео/Фото)


pitura 1

Пиво турнеја, скратено наречена „Питура“ започнала на 25 мај од Сплит, а во Сараево наздравиле за Ден на младоста…

Двајца од Сплит, Тони Павловиќ и Ловро Режиќ тргнале со „Фиќо“ во 3.400 километри долга авантура.

Планираат да ги посетат сите пивари од поранешна Југославија, кои произведуваат пиво со името на градот, каде се наоѓаат и нивните фабрики.

mapa pitura

splicani-pivska-tura-sfrj-fica-printskrin-youtube-1369735738-316941– Фиќото е купено за оваа турнеја и ќе го користиме редовно. Во последните три дена добивме десет понуди да го продадеме. Каде и да одиме луѓето се смеат. Мило им е што го гледаат фиќото. Кога ќе видат регистрација од Сплит не им е јасно како стигнавме, еве и овде во Никшиќ или Сараево – ги пренесуваат Сплиќани своите впечатоци од претходните турнеи.

По Никшиќ одат за Пеќ, а ќе дојдат и во Македонија, поточно во Скопје! Понатаму продолжуваат по „лесковачката пруга“ во Ниш, Заечар и Јагодина.

650x572xa68-650x572.jpg.pagespeed.ic.LYOK_Zk3wn

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1