Од 1 септември, кога целосно ќе се укинат хартиените билети, граѓани кои се возат со јавниот превоз, ќе мора да користат персонализирана или непресонализирана СКОПСКА картичка, која ќе важи и за државните и за приватните автобуси. Но, тоа не е единствениот начин- граѓаните ќе може да плаќаат во автобусите и преку мобилен телефон.
Валидацијата со мобилен телефон ќе се врши преку таканаречен пренос на податоци преку звучна комуникација меѓу мобилниот телефон и валидаторот, а плаќањето е со вртење на бесплатниот телефонски број 185.
На тој начин ќе се забрза автобускиот превоз, а граѓаните ќе заштедат време. Но, покрај време ќе заштедат и пари, бидејќи со воведувањето на овој начин на наплата се намалуваат и цените на билетите- на приградските, месечните, годишните
Со преминување на системот за наплата со електронските картички или мобилен телефон, од 1 септември 2016 година, целосно се укинуваат хартиените билети.
Погледнете го ценовникот на билети со важност од 1 септември оваа година.