Притворен педофилот од Капиштец


Триесет дена притвор му одреди судија во претходна постапка на 40-годишен скопјанец кој пред неколку дена извршил полов напад врз 11-годишно девојче во скопската населба Капиштец.zatvor

Според податоците кои ги објави полицијата, додека 11-годишното девојче возело велосипед по булевар Митрополит Теодосиј Гологанов и улицата Анкарска, застанало до едно непознато машко лице, кое се движело пеш, на возраст од околу 40 години и му побарало 20 денари.

Сторителот ѝ рекол дека ќе ѝ даде, но дека треба да појде со него до блиската гаража, на што таа се согласила. Наместо 20 сторителот и дал 500 денари и ја однел во гаражата каде го извршил половиот напад, по што заминал и и рекол да не кажува никому. Настанот се случи во петокот во 19.30 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1