Потребно е: 250 г пченкарно брашно, 1/2 кг овчо сирење и буковец или сува везена пиперка.
Иситнетото сирење се става во тенџере и полека се загрева со мешање.
Потоа, постепено се додава брашното и се меша на тивок оган се’ додека масата не почне да пушта маснотија и да се одвојува од ѕидовите на садот.
По потреба се додава уште малку вода, буковец (или истолчена везена пиперка) и веднаш се служи.