ПЛАНИРААТ ДА ЈА ЗБРИШАТ ЕВРОПА: Исламистите низ Европа шверцаат атомско, хемиско и биолошко оружје?


Помошниот соработник за меѓународна безбедност на Кралскиот институт за меѓународни работи во лондон Наоми Бар-Јаков, истакна дека постои реална можност за опасност, ИД да го искористи неконвенционалното оружје во Европа, но и пошироко.

Во извештајот на Европскиот парламент објавено е дека ИД регрутирала во својте редови стучњаци од областа на хемијата, физиката и информатиката за да развијат оружје за масовно уништување и продолжуваат да војуваат против Западот.isis teroristi 3222

Во документите кои се објавени на 13 ноември се тврди дека ИД шверцувала метал за оружје за масовно уништување во Европа, објави Дејли мејл.

Во тој извештај е наведено дека Европјаните не размислуваат сериозно дека екстремистичките групи можат да ги искористат хемиските, биолошките, радиолошките или нуклеарните материјали за својте напади, а доколку тоа се случи влијанието би било уште повеќе дестабилизирано.

– Имаме работа со многу сериозна, оспособена, одлучна, меѓународна терористичка организација која е сега активна на улиците во Европа- изјави Роб Вејнрајт, шефот на Европол.

Во овој крајно вознемирувачки извештај се наведува дека ИД не престана со регрутирање на стотина борци од странство од кои поединци имаат диплома за физика, хемија и информатика, а за кои се верува дека се способни да произведат смртоносно оружје од сурови материјали.

Наведено е дека супстанците за атмоско, билошко и хемиско оружје се внесуваат во ЕУ, а Интерпол месечно регистрира многу бројни обиди за шверц на овие материи.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1