Планиравме свадба, а тој ја силуваше мајка ми


Зорица Јеремиќ, која неколку години била во врска со монструмот Владан Павловиќ кој на Велигден ја силувал нејзината мајка Вера и и ја распарал матката вели дека доколку го види ќе го задави со свои раце.

Инаку, оваа несреќна жена се наоѓа во Институтот за мајки и деца, каде лежи нејзината болна ќеркичка.siluvasemajka

Мајката на Зорица била единствената личност која одлучила да остане покрај својата ќерка кога таа и соопштила дека ќе се омажи за Владан, и покрај тоа што во два наврати и се пожалила дека ја нападнал.

-Таа размислуваше да го пријави, но јас ја предомислив. Не верував дека некогаш ќе дојде до ова. Да знаев, немаше да ја предомислувам, вели Зорица при тоа истакнувајќи дека Владан најпрвин и дал неколку апчиња за смирување на Вера по што монструозно ја силувал.

Вера е болна жена, а Зорица признава дека неколку пати нејзината мајка паднала во дворот.

-Брат ми Дејан и неговата сопруга отидоа да ја посетат во болница, но мајка ми не ги препозна. Лекарите ми кажаа дека ваквата блокада е од шокот, односно дека поради силувањето таа не е свесна каде се наоѓа. Таа се бори за својот живот и ја чекаат уште многу прегледи и испитувања, раскажува Зорица.

Моментално Владан се наоѓа во затвор. Од таму тој се обидел да ја контактира Зорица.

-Ми рече дека е приведен поради тепачка. Кога дознав што и направил на мојата мајка, детето ми падна од раце. Не и прославивме ни годинка на ќеркичката, а тој ми ја силуваше мајката, вели Зорица која откако дознала за монструозниот чин веднаш го напуштила семејниот дом во кој живеела со Владан.

Зорица вели дека не сака повеќе да слушне за него.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1