Пластичните шишиња предизвикуваат стерилитет


Како што стапката на плодност кај човекот се повеќе опаѓа во светски размери, научниците секојдневно се обидуваат да ја дознаат причината за ваквата состојба.

bottled-water

Во една студија која што ја направиле научници од Харвард, тврдат дека откриле механизам со кој хемиското соединение бисфенол А (BPA), кое најчесто го користат во индустријата за производство на пластика, може да им наштети на јајце-кетките и да наштети на плодноста кај жените.

Поради бисфенолот А, кој дал негативни репродуктивни ефекти кај животните, научниците одлучија истите да ги тестираат на човечки-јајце клетки.

Резултатите од студијата на Харвард поддржана од Националниот институт за здраство во САД и од здраствено-еколошки фонд во Израел биле убедливи.

Резултатите покажале дека по 30 часа од изложеност на бисфенол А, поголемиот број на јајце-клетки, не достасуваат или почнуваат да дегенерираат.

asian-nurse-holding-up-bottle-of-donated-sperm

Во истражувањето било земени во предвид две групи. Во групата на јајце клетки кои биле изложени на само 20 нанограми од бисфенол А, што е за 10 пати помал од просекот на концентрација на оваа состојка, откриена во урината на здравите субјекти, стапката на јајце клетките кои созреале и кои можат да се користат за оплодување изнесувала 52%.

Во другата група на јајце клетки кои биле изложени на оваа супстанца, 100,000 пати повеќе од вообичаената норма на оваа супстанца, се покажало дека само19% од јајце клетките созреале.

water-bottle_warning

„Се претпоставува дека granulosa клетките кои го опкружуваат јајце клетките веќе содржат основно мало количество на бисфенол А, а поголема изложеност на истата супстанца може само да остави длабоки последици по човековата плодност“, вели доктор Ронит Мачтингер, гинеколог кој ја предводел студијата.

„Во моментов важноста на наодите е дека долгорочната изложеност на бисфенол А, дури и во мала концентрација, може да има ефект врз плодноста, па на тој начин треба да се избегнуваат, на пример, храна во пластични садови, во микробранова печка“, дополнува Ронит.

Ова не е прва направена студија. Во септември во 2011 година, една студија објавена во списанието за хумана репродукција покажала дека жените со високи концентрации на BPA кои се обидуваат да забременат преку ин витро оплодувањето, имаат 24% помалку јајце клетки, од жените кои што се помалку изложени на BPA.

Прехранбрената и Лекарската администрација (FDA) се целосно свесни за штетните ефекти на BPA, но имаат издадено забрана за одреден тип на бебешки шишенца и пластични чаши кои што ја содржат ваквата хемикалија.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1