Плата од 190 илјади новозеландски долари на годишно ниво или околу 115 илјади евра, со три месеци одмор и слободни викенди.
Сето тоа не беше доволно за да се најде доктор за местото Токороа на Северниот остров во Нов Зеленд.
Доктор Ален Кени вели дека и покрај сите овие поволности што ги нуди, веќе четири месеци не може да најде свој колега доктор кој би работел и живеел во Токороа, иако ја понудил и пола своја ординација каде што би работел новиот доктор.
„Имам сè повеќе работа, не можам да постигнам, бројот на пациенти расте, приходите се огромни и се очекува да растат. Буквално удирам глава во ѕид за да најдам колега, со кој ќе работиме заедно“, изјави очајниот доктор кој има 61 година и дури шест илјади пациенти за кои се грижи.