Платете си ги сметките – УЈП ќе почне со присилна наплата на радиодифузна такса


Граѓаните и фирмите кои имаат неплатена смета за радиодифузна такса до 30 јуни годинава, да извршат плаќање на долговите во најкусо време, бидејќи ќе почнат постапки за присилна наплата, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).ujp

– Со цел обврзниците да не се изложуваат на блокирање на сметки и дополнителни трошоци, препорачуваме навремено да проверат дали имаат заостанати долгови, односно доброволно да ги платат. Потсетуваме дека до донесувањето на најавената измена на законот за укинување на радиодифузната такса, обврзниците имаат законска обврска да ја плаќаат оваа јавна давачка, а за неплатените обврски УЈП има законска обврска да ги преземе сите мерки за наплата, велат од Управата.

Со цел намалување на времето и трошоците за плаќање на радиодифузната такса, без чекање на шалтери, граѓаните, посочуваат од УЈП, може да извршат плаќање на таксата со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка преку интернет, користејќи ја електронската услуга „е-Радиодифузна такса“ https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_rdt.jsp.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1