Заѕвони првото онлајн ѕвонче за дел од учениците кои се решија за онлајн настава. Часовите се одржаа на палтформата скулс.мк и траеја околу 10 минути. Интернет часовите беа пробни и не се сметаа за дел од официјалната настава која според владините најави треба да почне во четврток. Но, кратко откога завонија онлајн ѕвончињата платформата „падна“. Родители и наставници не успеаа ни да се најават на мрежата за да видат како функицинира.
Од министерството за образование смируваат – се работи за тестирање со реални корисници и тоа е дел од постапката за де се види како платформата ќе функцинира. Тестирањето продолжува и во наредните денови. Од ФИНКИ, чии професори всушност ја сервисираат и ја создадоа платформата, велат дека денешниот ден им бил добредојден бидејќи можеле да видат каде точно ќе се појават проблемите, а со тоа и да ги решат.
Но, што кога вистински ќе почне учебната година на 1 октомври кога мрежата целосно треба да биде во функција со 100тина конференциски врски, видео содржини и истовремено вклучени 100 илјади корисници? Јакимовски вели за видео-конференциите се користат сервери на Мајкрософт, видеосодржините исто така ќе користат надворешни сервери. Се што ќе прави оптоварување на македонските сервери е најавата и пристапувањето до календарот и до предметите. За ова на располагање стојат 32 државни сервери и уште толку во позадина. Денеска во функција биле ставени само 4 сервери, а три во позадина за да се види колку максимум корисници во исто време тие можат да издржат.
Систем инженерите во од ќе го решаваат креирањето на предметите и поврзувањето на учениците со предметите. Додека пак, приклучувањето на нов сервери на мрежата ќе се прави навечер кога таа нема да се користи.
Оваа интернет страница ќе треба да биде на располагање на околу 250 илјади ученици и 26 илјади наставници. Викендов на скулс мк, според податоците на ФИНКИ, успеале да се најават околу 150 илјади корисници. Во претпладневните часови денеска кога и се појави проблемот онлајн биле вклучени повеќе од 40 илајди ученици и наставници.