Плац во Канада за само 10 долари


Во канадскиот град Рестон се продаваат плацеви за само 10 долари, се со цел да ги привлечат семејствата и бизнисот да се населат во ова гратче.

Земјиштето е во провинцијата Манитоб, во близина на Северна Дакота во САД. Целиот процес започнал во 2010 година. Еден од условите за продажбата е да изградите куќа. Досега се продадени 14 плацеви, а на 11 веќе никнале куќи.

Малиот град има 550 жители, и во обид да ја зголеми својата популација повторно огласи аукција за продажба на уште 10 нови парцели по цена од 10 долари. Интересот бил голем. На огласот се пријавиле и канаѓани и американци.

Сепак за да се аплицира теба да се депонира залог од 1000 долари и има рок 1 година да се изгради куќата. Ако се испочитува враќаат 990 долари.

Единствени бизниси кои живеат во ова место се централната градска железница Пацифик реилвеј и земјоделството. Но со оваа иницијатива се очекува да се подобри и бизнисот, бидејќи по првиот повик се зголеми бројот на учениците во основното училиште, а моравме да отвориме и градинка,, изјавила Танис Челмерс, службеничка во областа Попестон, под кого е и Рестон.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1