Плавуша на социјалните мрежи бара некој да ја „оплоди“, нејзината мајка ќе го одбере кандидатот


Една Русинка одлучила својата среќа да ја пронајде на социјалните мрежи, а иако тоа на прв поглед не изгледа невообичаено, потребно е да се знае дека во нејизниот случај среќата значи да роди дете. Rusinka

Лена Комлева има 29 години и живее во Челјабинск ви Русија, а огласот во која огласот преку кој бара маж кој ќе и направи дете го објави на социјалната мрежа В-контакт, руска верзија на Фејсбук. Во меѓувреме таа го заклучила профилот, но на него претходно објави повик до сите мажи кои сакаат да и направат дете, бидејќи наводно не можела повеќе да ги трпи приговорите од нејзината мајка дека уште нема деца.

Огласот е со наслов „Остави трага во мене“, а во него стои: „Вечерта пред мојот 29 роденден објавувам конкурс. Мојата мајка сака внучиња за да може да им ја даде детската облека која ја насобрала досега. Но, мене уште никој не сака да ме омажи. Па, ако си млад, силен и здрав, јави ми се. Мојата мајка ќе ги бира кандидатите и ќе го објави победникот. Таа знае што ми треба“.

Не требало да помине многу време да почнат да и се јавуваат возбудени мажи.

„Би оставал на драго срце трага во неа, одново и одново и одново. Секси е“,  „Хм, жена која треба да се спаси – тука сум за секаква помош“ и „Млад сум, силен, здрав и спремен“, се само некои од коментарите.

Сепак имало и такви кои изразиле загриженост: „Би сакал да помогнам, но мислам дека нејзината мајка е ноќна мора“.

Еден од корисниците постави прашање до неа: „Што е со моралот?“. „Немам од што да се срамам. Еднаш бев заљубена, но не бев среќна. Се надевам дека ќе си најдам сопруг, но и ако најдам само биолошки татко за своето дете, и тоа е во ред. Тоа барем ќе ја спречи мајка ми да престане да ми додева“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1