Пливачите и пливачките на ОИ во Лондон трошат најмногу кондоми


„Видов како луѓето се сексаат на јавни места, на трева, меѓу зградите… Ма секаде“, изјавила женскиот фудбалски голман на САД, Хоуп Соло, на последните Олимпикси игри во Пекинг во 2008 година.


Тогаш олимпијците имаа на располагање само 100,000 кондоми.

По се изгледа ситуацијата не е многу поинаква ниту во Лондон. Во олимпиското село има 10,500 спортисти, а организаторите ја научија лекцијата од Пекинг и сега поделија 150,000 кондоми. Британскиот весник „Дејли Мејл“, истражувал што всушност работат спортистите на поедини земји во олимпиското село.
Дознале дека Палестинците ја славеле златната медала во дигање тегови со репрезентацијата на Казахстан, а во исто време на другиот крај од Селото, една хрватска кошаркарка играла билјард со мечувалец од Венецуела, а борач од Намбија пиел пиво со кунбански кајакари.

Навистина шаровито друштво во кое припаѓаат и италијанските „гулапчиња“, пливачката Федерика Пелегрини и нејзиниот дечко, колега од репрезентацијата, Филипо Магнини. Имале план во пресрет на Олимпијадата, а тоа било апстиненција. Но, токму пливачите во Лондон, ги бие глас дека се најчести во љубовните ноќни акции.

„Апстиненција? Ма нема шанси. Дали си ти луд“, одговорила пливачката Пелегрини на предлогот на својот дечко и колега од репрезентацијата за време на олимписките игри.
Филипо по се изгледа сакал да се сконцентрира на Игрите. Но, Пелегрини по се изгледа има и други игри кои што и паѓаат на памет.
На другиот крај на олимпискити село пак, американската спринтерка Лаурин Вилијамс и нејзиниот сопатник, основале книжарница каде што ги минуваат вечерите со поезија и љубовни приказни.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1