Продолжува дешифрирањето на кодот на Да Винчи? Откриена слика на Марија Магдалена со Исусовото дете!?


Мекларен е убедена дека на сликата не е прикажана Богородица со Јован Крстител, туку Марија Магдалена со детето од Исус.

Уметничката слика – мајка со дете повеќе од 30 години речиси незабележано висела во собата на еден лекар во Шкотска, се до моментот кога Фиона Мекларен ( ќерка на лекарот) не дошла до заклучок дека нивната запоставена слика е всушност последното недовршено дело на италијанскиот мајстор Леонардо да Винчи.

Мекларен со години ја игнорирала старата слика која нејзиниот татко ја добил од благодарен пациент. Уметничкото дело било дотолку неважно парче што при бојадисувањето на зидовите не било заштитено, па делото на Да Винчи е „збогатено“ со малку молерски мотиви.

Како и да е по внимателната анализа и проучување Мекларен е убедена дека на сликата не е прикажана Богородица со Јован Крстител, туку Марија Магдалена со детето од Исус. Во својата книга Последната нарачка на Да Винчи: „Најсензационалната детективска приказна за историјата на уметноста“ Мекларен наведува дека сликата содржи траги кои укажуваат дека романот на Ден Браун „Кодот на Да Винчи“ е всушност базиран на историските факти за љубовната врска меѓу Исус и Марија Магдалена.

Според неа сликата ја нарачал францускиот крал Франсоа Први, а во своето уметничко дело Да Винчи не ја претставува Богородица туку Марија Магдалена со Исусовото дете. Како што пренесува сајтот  “Skotsman” Мекларен смета дека врската меѓу Исус и Марија Магдалена била сокриена од католичката црква која се плашела дека Исусовите наследници ќе имаат повеќе права на владеење од папата. Според Брајан Канард уредник во сајтот “Трагачи по Гралот” ова е интересна приказна и потсетува на многуте верувања дека Марија Магдалена се преселила на југот на Франција каде што родила ќерка.

Според  Професорот по историја на уметноста Мартин Кемп пак, на сликата најверојатно е претставена Богородица. Тој прашува – „Зошто Да Винчи или кој било друг би вградувал тајни кодови во слика, која по 500 години некој ќе ја дешифрира. Во тој период се цртале симболи но не и кодови во сликите појаснува тој. Мекларен пак вели ќе ја продаде сликата на 16 август кога ќе биде промовирана и нејзината книга. Со парите од сликата сака да формира фондација за помош на деца без родители. Познавачите велат вредноста на сликата може да достигне и до 150 милиони фунти.

Tags: , , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1