Ѓорѓи Ѓоргиевски прими благодарницата од Бил Саравиновски


Новинарот и текстописец Ѓорѓи Ѓоргиевски од Преспа, на Илинден прими значајно признаниеод Бил Саравиновски, градоначалникот на Рокдал, Сиднеј .

Повод за оваа диплома е неговиот долгогодишен новинарски ангажман и пишувањата за македонските иселеници.

Наградата му ја врачи директорот на „Фолк фест Преспа 2012“ и сопственик на радио во Сиднеј, Симе Георгиевски Бричот, кој живее во Сиднеј, но има преспанско потекло.

Новинарот е почестен од ова признание.
– Голема е честа да се прими вакво признание, од господинот Бил Саравиновски, голем и истакнат Македонец, на кого сме сите горди, и еден од најуспешните и најреспектирани Македонци кои живеат во светот. При неговата неодамнешна посета на Македонија тој беше запознат со мојот ангажман и ме награди со оваа вредна награда. Голема е радоста и честа што истата ми беше врачена преку мојот долгогодишен пријател, исто така голем патриот и истакнат музички уметник Симе Георгиевски Бричот. Преспа е голем печалбарски крај, а јас како новинар бев еден од најпродуктивните кои тогаш пишувале за иселеништвото, а сега значителен дел од моите текстови за песни им ги посветувам ним, изјави новинарот.

Инаку, Ѓорѓи Ѓоргиевски бил дописник за речиси сите весници низ Југославија, за “Нова Македонија” и “Вечер”, уредник на радио Ресен, соработувал со неделникот “Македонско сонце”, меѓутоа во последно време е и текстописец.
За успешното извршување на задачите има добиено многу признанија, а како највредни се: “Орден на трудот со сребрен венец” од страна на Претседателството на поранешната Југославија, највисокото признание на општина Ресен – “11 октомври”, како и највисокото признание “Златна плакета” од преспанските иселеници во Австралија.
Неговите текстови претежно се свртени кон печалбарскиот живот, најпознати песни се “Дано, Дано Данице” (Кенан Таировски), „Македонија“ (Петранка Костадиновска), “Македонци братски да се сплотиме” (со која популарниот дует Селимова – Желчевски победија на фестивалот “МАКАМ” во Торонто пред повеќе години освојувајќи ги сите можни награди на организаторот, на Македонското радио и на Матицата на иселениците од Македонија), “Преспанските печалбари” (со која Петар Нечовски го освои второто место од жирито на „Филиграни“) и други.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1