Сирак во туѓо семејство – го буделе во 3 наутро да оди на нива, а нивните деца спиеле



,,Би работел ден и ноќ за да ги исплатам долговите. Највредно во животот ми е моето достоинство, горд сум што сам успеав да се изградам. Но, многу рани останаа,,

33 годишниот прилепчанец, Александар Димоски е сам на светот – сирак. Како дете бил оставен во домот за деца без родители, а оттаму бил сместен во семејство. Првото семејство било предобро кон него. Жената која го чувала ја нарекува своја единствена мајка, но жената починала и маките на Александар започнале.

Неговата строија ја пренесува новинарката Моника Талеска за Утрински Весник и Радио Слободна Европа. Не трогна па ќе ја пренесеме и овде.

 

Откако жената која го чувала починала Александар бил преместен во ново семејство имал само 11 години.

,, Тие имаа два сина и две ќерки, за нив готвеа, им купуваа убави работи, а за мене беше тоа што ќе останеше од јадењето. Нивните деца не работеа тутун, а јас одев на нива, ме будеа во 3 часот наутро“, раскажува Александар за својата судбина, пренесува Утрински Весник.

Како пораснал почнал и да работи, бил помошник во кујна, па готвач, слаткар. Работел кај еден приватник. Го пријавил но не му дал плата. Александар го тужел добил – му исплатиле пари, но апелација донела одлука дека тој треба да му ги врати парите со камата. ,, И денеска враќам“, зборува Александар со гнев во срцето.

Тој од државата добил стан, сега работи во приватна фирма и заработува 8.000 денари месечно. Станот е на 6 кат, а тој има проблеми со колкот. Нема пари за операција 1.000 евра за повторно да биде здрав.
Но сепак најголем проблем му е што никако да се ослободи од финасиските стеги.

„Почнав да ги лечам финансиските рани, да плаќам долгови должам кон ЕВН, долгови имав и кон ’Водовод‘ и ’Комуналец‘ од по 500 евра, а платата ми е 8.000 денари. Нас не’ водат како кираџии, не плаќам кирија, но чекам и сакам да го откупам станот на рати. Живеам се’ уште стегнато, но се трудам да ги решавам проблемите“,

„Најмногу во животот ми недостига семејство. Најмногу се плашам од тоа што финансиски не можам да се ослободам, па си велам да не не’ бидам прифатен од некоја девојка поради тоа. Од друга страна, поради мојот физички хендикеп не можам се’ да работам. Инаку, би работел ден и ноќ за да ги исплатам долговите. Највредно во животот ми е моето достоинство, горд сум што сам успеав да се изградам. Но, многу рани останаа“, вели Александар

Никогаш не ја видел својата мајка, не знае ни како изгледа, веќе нема ниту желба да ја запознае. Зашто вели единствено во животот ја почувствувал љубовта за Бог којшто се грижи за него, кога е сам, болен и немоќен.

Извор – Моника Талеска за Утрински Весник / Радио Слободна Европа

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1