Големите фудбалски имиња најчесто имаат и големи проблеми кога сакаат малку приватност и одмор. Ова беше невозможно за Лионел Меси, бидејќи еден обожавател испливал дури еден километар за да дојде до јахтата на фудбалерот и да се запознае со него.
-За мене тоа беше само километар пливање, сакав една фотографија. Меси ме повика, ми даде сок, разговаравме и се сликавме. Дури ми понуди и превоз до брегот, но го одбив и се вратив пливајќи, открива Сули кој инаку е навивач на Атлетико.
На јахтата со Меси тој поминал 20 минути и истакнал дека неговото семејство е многу пријатно.Исто така открил и дека е невозможно да се дојде до Кристијано Роналдо бидејќи има многу обезбедување.