На Турција ѝ недостасуваат и 14 бродови – го нема ни командантот на турската морнарица


Најмалку 14 бродови на турската воена морнарица ѝ и понатаму се наоѓаат на отвотрено море и со нив не може да се стапи во конктакт, а турските власти стравуаат дека е можно на нив да се наоѓаат пучисти кои сакаат да побегнат во друга земја, пишува денеска „Тајмс“.turcija-brodovi

Извор за весникот потврди дека воените власти исто така не можат да стапат во контакт со командантот на турската морнарица, адмиралот Вејсел Ќоселе.

Не е познато дали Ќоселе е еден од организаторите на пучот, чија цел беше да се собори од власт турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, или пак пучистите го држат како заложник.

Покрај тоа, новинарот на турската телевизија Си-ен-ен Турк, Сердар Тунчер објави во неделата дека најмалку 42 хеликоптери на турската војска исчезнале пред или за време на неуспешниот обид за преврат во земјата.

Тунчер на Твитер напиша дека пописот на воената опрема, спроведен по неуспешниот пуч, покажал дека недостигаат 42 хеликоптери, што наведува на загриженост дека би можело да дојде до нов обид за соборување на Ердоган од власт.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1