Пливал еден километар за да се фотографира со Меси на јахтата! (ФОТО)


Големите фудбалски имиња најчесто имаат и големи проблеми кога сакаат малку приватност и одмор. Ова беше невозможно за Лионел Меси, бидејќи еден обожавател испливал дури еден километар за да дојде до јахтата на фудбалерот и да се запознае со него.mesi-suli-640x362

-За мене тоа беше само километар пливање, сакав една фотографија. Меси ме повика, ми даде сок, разговаравме и се сликавме. Дури ми понуди и превоз до брегот, но го одбив и се вратив пливајќи, открива Сули кој инаку е навивач на Атлетико.

На јахтата со Меси тој поминал 20 минути и истакнал дека неговото семејство е многу пријатно.Исто така открил и дека е невозможно да се дојде до Кристијано Роналдо бидејќи има многу обезбедување.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1