Плодноста кај жената не се намалува со годините


Американската професорка по психологија Џин Твинџ тврди дека плодноста кај жената не се намалува со годините.

bremenost2Таа тврди дека способноста за забременување во 27 година од животот и плодноста на 39 години многу малку се разликуваат.

Твинџ нагласува дека жените без причина се заплашуваат со застарени податоци, од ерата пред антибиотиците и адекватни медицински третмани. Односно со услови од времињата кога квалитетот на животот бил на многу ниско ниво.

Таа во книгата „The Impatient Woman’s Guide to Getting Pregnant“ објаснува дека многу жени кога ќе наполнат 30 години се откажуваат од обидот на природен начин да забременат поради идејата дека во одредени години многу тешко или е невозможно да останат бремени.

Твинџ им предлага на жените да не се обесхрабруваат и да не дозволат стресот да им влијае врз можноста за забременување, бидејќи денес не постои причина тие да не можат да станат мајки се додека имаат редовен циклус.

Mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1