Фокус се враќа – Најавено дека весникот повторно ќе излегува


На фејсбук страницата на весникот Фокус осамна фотографија на која пишува „ Повторно Фокус„ Според информациите одлучено било весникот повторно да почне да излегува.

Последниот број на Фокус излезе ден по смртта на сопственикот Никола Младенов кој загина во сообраќајна несреќа. Тогаш на сите новинари им беше кажано дека им се прекинуваат договорите и се запира со излегување на весникот се додека наследниците не одлучат што понатаму.

Според неофицијални информации најголем дел од уредничкиот и новинарски тим ќе останат истите луѓе кои и претходно работеа во Фокус.

fokus

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1