По 10 години – Марко Милошевиќ се појави во јавност


Не сум се замерил со никого во Србија, никогаш не сум се занимавал со бизнисите кои ми се припишуваат, а земјата ја напуштив поради безбедноста на моето семејство.

Ова го изјавил Марко Милошевиќ, син на некогашниот претседател на Сојузна република Југославија, Слободан Милошевиќ, во ексклузивно интервју за неделникот „Афера“. Инаку, Марко Милошевиќ исчезна од Србија по падот од власт на неговиот татко Слободан Милошевиќ, а се шпекулираше дека тој се засолнил некаде во Русија. Повеќе од 10 години го немаше Марко Милошевиќ да се појави во јавност. Додека неговиот татко беше на власт, тој се поврзуваше со дузина илегални и високопрофитабилни бизниси, не само во неговата земја, туку и низ целиот Балкан.marko milosevic

– Поздравете ги душебрижниците и порачајте им да не се грижат. Добар сум и здрав и живеам еден нормален живот. Не се занимавам со никаков бизнис, зошто за бизнис се потребни пари, а јас немам никакви приходи. Некогаш, семејството Милошевиќ имаше многу пријатели, а ако има нешто позитивно во целава моја ситуација, тогаш тоа е фактот што се ослободив од подлизувачите, рекол во Марко Милошевиќ во интервјуто.

– Еден од нив се однесуваше и како Вук Бранковиќ пред шест векови. Го продадоа својот шеф, неговите идеи и својата чест и тоа се’ само за политички интерес. Таквите си ја продаваат верата за вечера. Тоа доволно зборува за какви всушност луѓе, ако воопшто може така да се наречат, станува збор. Сега околу себе и за свои пријатели ги имам само оние кои отсекогаш ги сметам за такви и кои ги посакував за пријатели. Нека ги хранат своите деца со сите тие пари за кои тврдат дека сме ги украле и сокриле, а се’ што ќе најдат јас ќе им го подарам. Единствена корист од тоа што татко ми беше Слободан Милошевиќ имав додека се занимавав со автомобилизам.marko milosevic

Спонзорите самите се нудеа и се натпреваруваа кој ќе се рекламира преку мене. Дали тоа е криминал? Дали тоа е неморално? Да ја спроведеше мојот татко приватизацијата, како што тоа го направија после 2000-та година, би го обесиле на Теразије, вели Марко Милошевиќ.

Тој додал дека својот татко го смета за најдобар во светот.

– Родителите не ги бираме. Јас имав среќа. Мене татко ми е Слободан Милошевиќ, како татко, беше најдобар кого можев да го замислам и секако подобар отколку што заслужував. Нему му останува славата, а мене светите спомени и доживотна рана, вели Милошевиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1