Свадба правам, па ако сакам и на хауба ќе се возам!


Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата не ја дефинира ниту третира како посебна категорија на учесници во сообраќајот “свадбената поворка”. Тоа значи дека за граѓаните кои се движат во вакви организирани поворки важат сите сообраќајни правила и прописи што важат и за останатите учесници во сообраќајот, пренесува Вечер.

SVADBA

Сепак, на терен сликата е многу поинаква. Тргнувајќи од тоа дека свадбата е еден од најсреќните моменти во животот на овој ден некои младоженци и сватови буквално владеат со патиштата. Па така надвор од сите прописи низ скопските улици може да се примети свадбена поворка во која мали деца седат на прозорците на автомобилите, или пак на хауба, се наведнуваат преку прозорец, се вози без појаси, а со тоа ја загрозуваат нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Според член 171 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата лицето кое што се превезува со возило не смее на кој било начин да го попречува возачот во управувањето со возилото, да влијае врз возачот, да управува со возилото на начин со кој се намалува безбедноста во сообраќајот, ниту да презема дејствија со кои ја загрозува сопствената безбедност и на другите како отворање на врата, наведнување преку прозор, скокнување, искокнување од возило и сл., посочуваат од Министерството за внатрешни работи.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1