По 100 километри сфатил дека ја заборавил сопругата на бензинска


По враќањето од патувањето во Бразил, аргентинската брачна двојка Самуел и Клаудија, застанале на една бензинска пумпа за да го наполнат резервоарот и малку да си ги протегнат нозете.

Откако го наполнил резервоарот и го посетил тоалетот, Самуел седнал во автомобилот и продолжил да вози по автопатот. Концентриран на сообраќајот тој не забележал дека сопругата Клаудија  останала на бензинската пумпа.benzinskipumpo

Како што пренесува британски „Телеграф“ , заборавениот сопруг бил уверен дека неговата сопруга спие на задното седиште, бидејќи спиела кога пристигнале на бензинската пумпа.

Но, додека Самуел  полнел гориво, неговата сопруга се разбудила и заминала до блискиот маркет да купи нешто за јадење.

Ситацијата да биде почудна, со нив во автомобилот бил и нивниот 14-годишен син, кој седел на совозачкото седиште и не забележал ништо бидејќи играл игри на мобилниот телефон.

Кога Клаудија забележала дека синот и сопругот ја заборавиле на бензинската пумпа се обидела да ги контактира на мобилниот на Самуел , но поради лошиот сигнал не успеала да ги добие.

„Напуштената“ сопруга на крајот заминала во полициска станица каде што чекала сопругот и синот да се сетат на неа.

Кога по два часа тој се појавил пред полициската станица, лутата и бесна Клаудија започнала да го шутира автомобилот, раскажале полицајците.

-Беше ужасно лута. Не можеше да сфати како како на сопругот му требало толку многу време за да забележи дека таа не е во автомобилот – изјавил еден од полицајците.

Самуел сфатил дека ја заборавил сопругата по дури 100 извозени километри.

Ова не е прв ваков случај во светот. Пред две години, еден Германец по венчавката ја заборавил својата штотуку венчана сопруга на бензинска пумпа во Франција. Сфатил дека ја нема по 200 поминати километри.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1