По 13 години сопругот едвај ја убедил да имаат второ дете, а потоа следувало изненадување


Сопругот на Мелани Торнтон едвај ја убедил после 13 години да имаат второ дете. Изненадувањето било преголемо, наместо едно бебе тие добиле природно зачната, идентична тројка.

Новородените Бое, Мика и Хоуп се родиле здрави и живи, а нивната мајка морала да направи некои сериозни промени за да се справи на супер големото семејство.

bebe-1.jpg-500

Од кога се родиле бебињата нивниот живо се променил и тие станале најсреќните родители, купуваат адаптирано млеко на големо, трошат речиси 100 литри млеко неделно, а менува повеќе од 250 пелени.

Додека била бремена, Мелани вели дека чувстувала дека нешто е поинаку и неколу пати рекла: Сигурна сум дека е повеќе од едно. Но никогаш не помислила дека носи три бебиња.
Бебињата сакаат да спијат заедно и ако ги раздвојат плачат. Мелани вели дека колку поблиску се едно до друго, толку им е подобро.

bebe
Лекарите го предупредиле семејството на опасностите од повеќекратна бременост и цела бременост им велеле дека најмалото бебе – Хоуп, веројатно нема да преживее до раѓањето. Мелани вели дека секој еден ден бил речиси во исчекување таа да почине:

На почетокот таа била  депресивна затоа што постојат шанси да го изгуби бебето  но тогаш сватила дека сите три бебиња клоцаат многу силно.

-Тогаш си помислив, aко таа не се откажува, нема да се откажам ни јас, вели Мелани.

Прекрасната тројка се родила во 32-ра недела
Хоуп била пуштена од болница после 5 недели, откако поминала операција при која и била отстранета насобрана течност околу мозокот. Сега близначките веќе имаат 20 недели и многу цврста поврзаност помеѓу себе, а Мелани вели дека тие се среќни бебиња.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1