Хорор: Осумгодишна невеста почина на првата брачна ноќ со 50-годишен сопруг


Осумгодишно девојче од Јемен починало од внатрешно крварење здобиено при нејзината прва брачна ноќ која ја поминала со сопругот пет пати постар од неа, откако била присилена на брак.

Раван починала во племенското подрачје кое се граничи со Саудиска Арабија. Активистите бараат апсење на младоженецот и неговото семејство за со време да се стави крај на мрачната пракса со однапред договорени бракови меѓу девојчиња и постари мажи во Јемен.nevesta

Оваа традиција која се практикува секаде низ земјата го привлече вниманието на меѓународните групи за заштита на човековите права кои реагираа до тамошната влада со закон да се забранат такви бракови со деца.

Сиромаштијата која владее во земјата игра голема улога во таа пракса, зошто некои семејства се толку сиромашни што не можат да кажат не кога „сватовите“ ќе понудат стотина долари за нивните ќерки.

Според податоците на јеменското министерство повеќе од четвртина од тамошните девојки се омажени пред да навршат 15 години.

Според јеменските обичаи младите девојки мора да се формираат во послушни жени, мора да им одолеваат на искушенијата и да родат повеќе деца.

Јемен одамна ја постави возрасната граница од 15 години како најниска за склучување брак, но парламентот тој закон го поништи во 1990 година и сега на родителите им е дозволено да одлучат за судбината на нивните деца.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1