По 24 години давање срце за Македонија Стевче Алушевски вечерва последен пат на теренот


Стевче Алушевски,ќе го одигра последниот натпревар во својата богата, 24-годишна кариера, во која 21 година беше дел од македонската ракометна репрезентација.

alusevskiПрвиот официјален меч за Македонија, левото крило кој во кариерата настапувал за Пелистер, Јафа Промет Ресен, Вардар и Металург, го одиграл пред две децении во Романија на „Трофеј Карпати“.

На домашната сцена Алушевски, со тимовите за кои настапувал, освои 13 шампионски и 10 Куп титули. Дресот на Македонија го носел на 244 натпревари и дел од сите значајни успеси на репрезентацијата.

Алушевски кариерата ќе ја заврши на натпреварот помеѓу Македонија и Португалија, на која ‘црвено-жолтите’ со победа ќе изборат пласман на Европското првенство.

Makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1