По 30 години во затвор откриено дека била невина


Кети Вудс која во 1976 година е обвинета за убиство во Невада, викендов, по 30 години поминати зад решетки, е ослободена од обвинението. Таа сама го признала злосторството кое не го извршила и била подготвена животот да го помине во затвор.

Вудс, која денес има 64 години, е осудена во две одвоени постапки во 1980 и 1985 година за убиство на 19-годишната Мишел Мичел, студентка на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Невада.11063113_10206177781429425_6854703_n

Мичел исчезнала на 24-ти февруари 1976 година откако дошло до дефект на нејзиниот автомобил во близина на универзитетскиот комплекс. Нејзиното тело било пронајдено неколку часа подоцна во гаража во непосредна близина.

Кети во тоа време се лекувала во болницата за ментални заболувања, па три години по убиството го признала злосторството, бидејќи и ветиле подобра соба. Против неа не е покрената постапка во Рино, кога прв пат бил осудена.

Во септември минатата година, нејзината адвокатка Мејзи Пјузик изјавила дека Вудс со децении негирала дека го извршила убиството. Во 1985 година било одржано ново судење, на кое што Кети е прогласена за виновна.

-Не ги обвинувам органите за кривично гонење во првата истрага, ниту обвинителството, ниту двете пороти кои Кети Вудс ја прогласија за виновна. Сите тие се соочиле со тешко убиство и имале доказ од лицето кое престојувало во тој крај за време на убиството – рекол Крис Хикс, обвинител во округот Вошо.

Инаку Вудс во септември минатата година е пуштена на слобода по објавена ДНК анализа на дел од цигара пронајдена на местото на убиството и која покажала дека генетскиот материјал одговара на ДНК на Родни Халбоуер (66), кој на почеток на минатата година е префрлен од Невада во затвор во Орегон, поради злосторства кои ги направил во таа држава.

-Пресреќна е, ова веројатно е најдобриот ден во нејзиниот живот, затоа што сега знае дека се е готово – изјави нејзината адвокатка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1