Еден господин од Франција запознал пред 34 години девојка на Зларин, во близина на Шибеник, а сега ја бара.
Како би ја пронашол, ја замолил Туристичката заедница Зларин да му помогне во тоа.
Туристичката заедница оваа фотографија ја објави на Фејсбук, за да му помогне на човекот во потрагата.
-Господин од Франција веќе долги години ја бара оваа личност која ја запознал во летото 1981 година на Зларин. Вели дека поради јазикот, оддалеченоста и останатите работи, никогаш не успеал во тоа. Можеби ние можеме да му помогнеме- напишале покрај фотографијата.
Доколку некој ја препознае личноста од фотографијата, може да се јави на Туристичката заедница преку линкот:
https://www.facebook.com/pages/Turisti%C4%8Dka-Zajednica-Zlarin/1382597645393741