Хратската спасувачка планинарска служба и Хрватскиот планинарски сојуз ја известија јавноста дека почнаа со потрагата на Кавказ со цел да ги пронајдат телата на хрватските алпинисти кои исчезнаа во лавина на планината Ушба во 1974 година.
Станува збор за до сега најголема несреќа во историјата на Хрватскиот алпинизам во која загинаа четири лица.
До сега хрватската експедиција пронашла дури три тела.
На 13 јули годинава на Кавказ тргна четиричлена експедициска екипа составена од искусни планинари. Во опсежната и темелна потрага под замрзнатиот снег на Ушба пронајдени се три тела. Кај едно од телата пронајдена е и службената значка на планинарски спасувач ХГСС, но поради корозија за сега не е можно да се утврди бројот на значката. Со тоа до сега може да се потврди дека барем едно од пронајдените тела припаѓа на настраданите хрватски алпинисти.
Сега експедицијата ја чека тешка задача. Потребно е да се спуштат трите тела во долината по многу тежок терен кој вклучува и многубројни лавини.
Третото тело најверојатно припаѓа на некој друг настрадан алпинист од некое друго време бидејќи токму местото каде што се пронајдени телата е многу опасна стрмнина на која и претходно се случувале вакви несреќи.
Во моментов експедицијата ги пребарува сите можни позиции на огромниот простор на замрзнатата планина.
Телата на планината 38 години биле затрупани во длабоки наслаги од снег и мраз. Карпестите врвови на Ушба на кои настрадале алпинистите се со надморска височина од 4.700 и 4.697 метри.
Првите веродостојни траги за загинатите алпинисти ги открил случајно еден чешки алпинист кој минатата година токму на тоа место пронашол делови од алпинистичка опрема па според нив заклучил дека тие им припаѓаат на словенски алпинисти, па веднаш штом се вратил сликите со пронајдените предмети ги испратил во Словенија. По анализите во Словенија се утврдило дека тоа се делови од опремата на хрватската експедиција ХГСС, по што веднаш ја информирале Хрватска.
Конечно по речиси четири децении загинатите алпинисти ќе имаа достоен погреб.