По 40 години откриено што значат стиховите на „Боемската рапсодија“


Еден од најголемите хитови на сите  времиња, песната „Боемска рапсодија“, деновове ќе наврши 40 години од нејината промоција на 31. октомври 1975 година.

Иако, од тогаш оваа нумера на групата „Квин“ редовно се наоѓа на разни листи на најдобрите песни на сите времиња, значењето на нејзините стихови не беше сосема познато, барем досега.kvin

Фреди Меркјури, починатиот фронтмен на „Квин“, еднаш рече дека песната говори за врските, но нејзиното значење не сакаа да го откријат ниту другите членови на бендот.

Но, 40 години подоцна биографот на Меркјури, Лесли-Ен Џонс тврди дека стиховите носат тајна порака поврзана со признанието на Фреди дека е хомосексуалец, објави лондонски „Дејли Мејл“.

Со неа се согласува и текстописецот на песната Тим Рајс, кој добро го познаваше Фреди.

– За мене тоа е очигледно признание на Фреди. За тоа разговарав и со тапанарот од „Квин“, Роџер Тејлор. Пораката е јасна, Фреди призна дека е хомосексуалец, смета Рајс.

– Во стихот „Mama, I just killed a man“ („Мамо, што туку убив маж“), Фреди се уби самиот себе си, односно личноста која беше дотогаш. Стихот „Put a gun against his head, pulled my trigger, now he’s dead“ („Ставив пиштол на главата, го повлеков чкрапалото и сега е мртов“), значи дека поранешната хетеро личност е мртва. Ја уништил личноста која се обидел да биде и сега се обидува да живее со новиот Фред, изјави Рајс.

Тој додава дека стихот „I see a little silhouettе of a man“ („Гледам мала сенка на човек“) говори за тоа дека се уште го прогонува она што го направил.

– Кога и да ја слушнам таа песна, го гледам како се обидува да се ослободи од едниот и да го прифати другиот Фреди. Дали успеа? Мислам дека добро се носеше со тоа, тврди Рајс.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1