По 40 минути смрт лекарите го оживеале со нова техника


Австралијанецот Колин Фидлер, кој има 39 години, минатата година преживеал инфаркт, а лекарите го прогласиле за мртов. Дури 40 минути откако ја констатирале смртта, тие успеале да го оживеат со примена на релативно нова техника.

220px-CPR_training-04Лекарите го оживеале со помош на механичка машина наречена „Автопулс“, која покрај одржувањето на кардиопулмоналните функции обезбедувала и доток на крв и кислород до неговите витални органи.

Освен Фидлер, уште шест пациенти во Австралија по прекинот на работата на срцето биле подложени на оваа нова техника на реанимација.

Воедно тој е еден од тројцата кои биле вратени во живот 40 до 60 минути откако биле прогласени за мртви.

Со примената на овој апарат времето без проток на крв се сведува на минимум, а наместо само една точка, се притиска целата површина на градите, со што се овозможува транспорт на крвта до срцето, мозокот и другите витални органи за време на реанимацијата. Благодарение на тоа, медицинскиот персонал може да се фокусира на други мерки – давање лекови, вештачко дишење и дефибрилација.

Denesen

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1