ЗАЧУКА НОВОТО СРЦЕ НА 32-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА ОД ПОЧИНАТА ДАРИТЕЛКА НА ВОЗРАСТ ОД 40 ГОДИНИ


Успешно заврши третата трансплантација на срце во земјава од почината 40-годишна дарителка, чие семејство дозволи да бидат пресадени и нејзините бубрези. Подоцна во текот на денот ќе бидат извршени и трансплантациите на бубрезите кај друг пациент.

Срцето на почнатата дарителка почна да чука кај 32-годишна пациентка во 11.30 часот утринава, по петчасовна сложена операција на државна кардиохирургија.

„Доцна синоќа заедно со моите колеги Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска, тимот кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев и д-р Тања Анѓушева ги направивме подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот“, напиша утринава неврохирургот и министер за здравство Венко Филипче, кој беше во тимот што ја направи третата транплантација на срце.

Веста дека операцијата е завршена прв ја објави д-р Митрев.

„Кога е човечки живот во прашање, не е важно дали е ден или ноќ, викенд или работен ден. Тимот лекари придружени од анестезиолозите, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри ја изведоа оваа операција која траеше околу 5 часа. Станува збор за 40-годишна жена чие семејство даде согласност, нејзиното срце да продолжи да чука во градите на 32-годишна жена. Исто така се очекуваат уште две бурежни транспланатации во текот на денешниот ден“, напиша д-р Митрев.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1