По 50 години работа и 200 филмови, Џеки Чен конечно доби Оскар


Кога Џеки Чен пред 23 години ја видел наградата Оскар во домот на Силвестер Сталоне, си ветил себе си дека еден ден и тој ќе има негова златна статуетка.

Кинескиот актер и мајстор на боречки вештини, конечно на свеченост во саботата ја доби оваа престижна награда, во форма на почесен Оскар за придонес во филмската уметност.The Governors Awards, Show, Los Angeles, USA - 12 Nov 2016

– По 56 години во филмската индустрија, повеќе од 200 снимени филмови, исто толку скршени коски.. Конечно, изјави 62-годишниот Чен на гала вечерата во Лос Анџелес, цврство држејќи го во рацете неговиот Оскар.

Тој му заблагодари на неговиот роден Хонг Конг, кој го направил „горд Кинез“ и на неговите обожаваели, велејќи дека тие се причината поради која тој „продолжи да снима филмови, да скока низ прозорци, да тепа и да прима удари и да крши коски“.

Американската академија на филмска уметност на годишната свеченост почесни Оскари додели и на британската филмска уредничка Ен В. Коатс, кастинг директорката Лин Сталмастер и на документаристот Фредерик Вајсман.

На ова престижно случување прсуствуваше речиси целата холивудска елита, вклучувјќи ги Дензел Вашингтон, Лупита Нјонго, Никол Кидман, Ема Стоун, Рајан Рејнолдс, Ејми Адамс и Дев Пател.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1