По 6 години погребана малата Ангела


Посмртните останки на шестгодишната Ангела Ѓорѓиоска од прилепското село Дуње, вчера биле погребани на градските гробишта „Песјобрдце“ во Прилеп, речиси 6 години по нејзиното исчезнување на 23 јули 2009 година од родното село.

Бидејќи, како што велат од Обвинителството, семејството на девојчето одбило да го изврши погребот тој е извршен од јавното комунално претпријатие. Дел од посмртните останки на шестгодишната Ангела Ѓорѓиоска од прилепско Дуње, која на 23 јули 2009 година мистериозно исчезна на 20 метри од татковата куќа, со години стоеа во фрижидерите на Судска медицина во Скопје.

ANGELA

Шест месеци по исчезнувањето, на само четири километри од домот, се најдоа нејзините коски за кои подоцна се утврди дека се останки на малата Ѓорѓиоска. Од тогаш до денес минува петта година. Ниту мајка Анастасија ни таткото Борка, ниту некој роднина на Ангела не дошол, иако стотина пати биле известени, да ги земат нејзините посмртни останки и да ги погребаат. Одбивале да дојдат, велат од Институтот за судска медицина. Зошто, никој не знае.

Освен деловите од телото на Ангела, во специјална ќеса се чува и тоа што останало од нејзината облека и прамен од костенлива коса.

Целиот случај со малата Ангела и денеска остана мистерија. Иако МВР долго време истражуваше, до денес не се дозна дали некој ја грабнал, како сама наводно заскитала далеку на тогаш пеколните 40 Целзиусови степени, дали има вистина во изјавите на мештаните дека неколку дена претходно низ селото минувал црн џип, во кој имало двајца мажи и жена.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1