По 68 години, Гостивар повторно ќе го празнува Водици


По речиси седумдесет години, во Гостивар повторно ќе се одбележува Богојавление-Водици. Иницијативниот одбор за обновување на прославата годинава конечно доби благослов да се положи светиот крст во водите на Вардар.

Таа традиција, според некои сознанија, е прекината пред повеќе од 70 години. Од Гостиварската епархија потврдуваат дека се при крај подготовките и оти чинот на положување ќе го изврши митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф. Досега се пријавиле околу 30 учесници кои ќе скокаат по крстот. gostivar.jpg-500

Обновата на празнувањето на Богојавление-Водици во Гостивар ќе почне со литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“, а потоа литијата ќе помине низ неколку градски улици (Дебарска, Браќа Гиноски) се до малиот мост кај градската болница. Точно напладне владиката Јосиф ќе го положи крстот во водите на реката Врадар.

Никој не може со сигурност да потврди кога последен пат крстот бил „фрлен“ во Вардар и градот го празнувал Водици. Според хроничарот и публицист Kиро Kипроски последен пат тоа било во 1947 година. Од неговите сознанија не е целосно јасно зошто се прекинало со прославата.

Kако повод најмногу се споменуваат два настана. Едниот е дека металниот крст, кој бил положен во Вардар, таа година не е изваден, што според некои верувања, носи несреќа. Другиот настан што се смета за причина за прекинот на традицијата е некаква кавга помеѓу луѓето во тогашниот црковен одбор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1