Украинските безбедносни служби тврдат дека пресретнале конверзација која докажува дека Русија и проруските сепаратисти се одговорни за денешното соборување на малезискиот патнички авион, пренесува британски “Telegraph”.
Kyiv Post го превел разговорот кој го објавила украинската влада.
Првиот разговор наводно се одвива меѓу офицерот на руските разузнавачки служби и командантот на сепаратистите.
“Само што соборивме авион”, вели офицерот.
Вториот повик, наводно се одвива меѓу двајца сепаратисти од кои едниот го истражува местото на несреќата, каде што на сопствено изненадување дознава дека летот бил цивилен.
“Тоа е 100 проценти патнички авион. По ѓаволите. Остатоците се во еден двор од куќа”, вели едниот од нив.