Претседателот на Мавританија Мохамед Улд Абдел Азиз е лесно ранет откако мавританска воена патрола, по грешка, пукала врз колоната автомобили во која бил и тој.
Претседателот си се враќал во престолнината Нуакшот, кога војници кои патролирале на патот отвориле оган врз колоната автомобили, бидејќи не го препознале автомобилот на шефот на државата.
Претседателот добил прострелна рана но не е во животна опасност, се работело за полесна повреда. Префрлен на лекување во воена болница.