Жените кои биле силувани од водителот го тужат BBC


Повеќе жртви на познатиот водител Џими Савил ќе го тужат Би-Би-Си бидејќи повеќето од нив биле нападнати токму во простории на телевизијата, но и поради фактот што знаеле што се случува а не превземале ништо со години за да ги заштитат девојчињата, јавува дописникот на МИА.

Скотланд Јард кој веќе води и официјална истрата разгледува 60 случаи на сексулано насилство и силување, но бројот може и да се зголеми.

Водителот почнал да силува девојки уште од 1959 година и траел се до неговото пензионирање, а не е исклучени и потоа со неговата хуманитарна работа да го правел истото.

Савил умре минатата година, на 84 годишна возраст и беше погребан во својот роден град Скарборо, со државни почести предвидени за угледна и почитувана јавна личност. Тој во 1990 година беше одликуван за својата хуманитарна работа во една психијатрска детска клиника, чии некогашни пациенти сега обвинуваат дека и тие били жртви на Савил.

Неговото семејство минатата недела ја тргна големата надгробна плоча, што беше поставена на неговиот гроб само пред три недели, поради „срамот што тој со своето однесување му го нанесе на целото семејство“

поврзани вести

Скотланд Јард и формално го обвини починатиот ТВ водител на BBC за силување (Фото)
BBC се извини што нивната ѕвезда силувал деца
Скандал: BBC со години криел дека најпознатиот водител силувал деца
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1