По грешка им ги смениле бебињата во породилиште


Приказаната која денес се најде во француските медиуми, наликува на филм, но оваа приказна е вистинска и го потресува животот на две сега 18-годишни девојки

INKUBATOR

Приказната започнува во 1994 година. Две женски бебиња родени во породилиште во Кан ла Бока се ненамерно сменети. Промената на бебињата е откриена пред десетина години, кога една од мајките на девојчињата е жртва на гласини во селото каде што живее дека нејзиното девојче не личи многу на таткото.

Таткото бара ДНК анализа и открива дека тие не се биолошките родители на девојчето. Истрагата која е спроведена утврдува дека има промена на бебињата при нивниот третаман против бебешка жолтица, кога новороденчињата биле ставени под лампи во иста колевка, но без белегзии со имињата на рачињата.

Ненамерна грешка од небрежност на вработените во болницата, но двете семејства на девојчињата кои не се во контакт, ја тужат клиниката.

bebe-u-porodilištu

Едно од променетите девојчиња сведочи во „Паризиен“. Таа се вика Манон и денес има 18 години. Пред десет години таа научи дека не е биолошката ќерка на своите родители. Таа тогаш имаше осум години.

„Јас бев жртва на нешто лудо, никој тоа не може да го разбери“, вели таа. Првата мисла која и поминала низ главата кога ја научи вистината е стравот дека ќе биде одделена од нејзиното семејство, кое за неа е вистинското семејство, нејзиното единствено семејство.

Страв кој никогаш не ја напушти, придружен со многу страдања за време на пубертетот и влегувањето во младоста, по доживената траума таа дури не може да си замисли дека еден ден може да биде мајка.

bebe avionТаа се посоветувала и со психијатар, кој не и даде многу одговори, за нејзиниот случај кој не се наоѓа во учебниците по психијатрија.

Но како што подвлекува весникот, интересно е дека мајката на Манон, која ја одгледа, иако нема ниту еден заеднички ген со неа, си наликуваат, како сите оние кои живеат заедно. Исти гестови, ист поглед, исти интонации во гласот.

Биолошките родители на Манон се од Реунион. Ниту едно од семејствата не сакаше да си го земи назад биолошкото дете откако беше откриена промената. Другото семејство не сакаше да зборува за весникот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1