Видан од Секирци на 88 години се ожени со Смилјана


Поради осаменост, вдовецот од прилепското село Секирци, 90-годишниот Видан Спасески, ја побарал за жена 71-годишната вдовица Смилјана Мартиноска, која ја прифатила брачната понуда и бракот го крунисале кај матичар.

Докторот, како што го викаат жителите на прилепското село Секирци, 90-годишниот Видан Спасески, веќе две години не е сам. Судбоносното „да“ вторпат го кажа за 71-годишната Смилјана од истото село. Селаните го викаат Докторот бидејќи многу години бил ветеринарен техничар, а седум години работел и во Австралија. Него 15 години го мачела осаменоста бидејќи му починала првата сопруга. Вдовечкиот живот му станал неподнослив, огромен товар носел на плеќите и душевно ослабел. Не сакал да замине во дом за стари лица, ниту сакал да се пресели кај децата и внуците за да не им прави гарамет. Навиките не му се менувале, но осаменоста го притискала с` повеќе.sekirci

Сватови дома

Заедничката приказна на бабата и дедото почнува кога Видан ја поканил осамената вдовица Смилјана заедно да го делат остатокот од животот оти и нејзе судбината ја оставила без брачен сопатник. Таа ја прифатила понудата за брак и кажале „да“ кај матичарот.

– Направивме мала свеченост дома, со гости, откако со сведоците се потпишавме и склучивме брак. Сега двајцата живееме среќно. Ќе се збогував со овој свет ако не ја најдев Смилјана и ако не прифатеше да направиме ново гнездо и двајцата да видиме себап, да се спасиме од самотијата. Со неа денот ми се продолжи, летата ми се разубавија, зимите ми станаа нездодевни, а пролетта буди радост и ведрина. Исчезнаа црните облаци од депресија, што беа надвиснале со години, а во срцето се насели надеж дека животот е прекрасен со друшка и во третата доба. Создадовме топол дом во мојата стара куќа. Веќе не пијам апчиња, не се саклдисувам. Болестите ми се смирија. Ги уживам благодатите на животот во десеттата деценија благодарение на новата домаќинка. Се чувствувам поздрав, како прероден. Психички сум постабилен. Заминаа лошите мисли оти осаменоста ми грицкаше дел по дел од душата, ми одземаше ден по ден од животот – си ја отвора душата Видан.

Тој со одлуката сакал да направи арно и за Смилјана и на нејзиното лице да види насмевка, да не се мачи по полето во обработката на тутунот и други земјоделски работи.

– Беше намачена, сама одеше со количка. Жалев што децата не ја уважуваат. Чувствував дека е полна со скрб и дека ќе пукне од јад. Kутрата, сама се мачеше со тутунот, од расади до калапење. За среќа, и таа покажа разбирање да тргнеме во заеднички нов живот. Пензионер сум. Имам арна пензија, плус малку австралиска. Добро е да ја поделам со некого. И таа ќе куртули од напорната работа и двајцата ќе се спасиме. Разбра дека е добредојдена. Од неа наидов на слога и разбирање, еве веќе две и пол години – вели Докторот.

Не чуваат добиток, а во дворот се врткаат неколку кокошки и петли во кокошарникот.

Смилјана како уште да не е приспособена, небаре е млада невеста, се воздржува од коментари на раскажувањата на домаќинот. Затоа Видан не молчи.

Повеќе во Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1