По хеликоптерската несреќа во Струмица, МРД ќе ги осветлува антенските столбови


Речиси по два месеца од кобната хеликоптерска несреќа во Струмица каде загинаа четворица пилоти на полицијата при удар во антенски столб на МРД, радиодифузија објави тендер за осветлување на антенските столбови на територија на цела Македонија.

Во јавниот повик стои дека проценетатата вредност на тендерот е 8.000.000 милиони денари или околу 130.000 евра без вклучен ДДВ.

helikopter nesrekjaВо тендерската спецификација како објаснување стои:

„Работи за изведба на целосен систем за осветлување и сигнализација на антенски столбови (систем за светлосно обележување на воздушни препреки)“

Пред речиси два месеца полициски хеликоптер се удри во антенски столб на МРД во Струмица и загинаа четири врвни пилоти.

Пилотска грешка како причина за несреќата беше исклучена од истрагата на полицијата, а очевидци тврдеа дека хеликоптерот удрил во 120 метарски столб на Македонска радио дифузија кој воопшто не бил осветлен.

Антенскиот столб на МРД во Струмница е еден од 46-те кои се наоѓаат на територија на Македонија и бил користен од Македонско радио како предавател на средни бранови.

Македонска радио дифузија во деновите на несреќата не одговараше дали антенскот столб бил осветлен според правилата и прописите со објаснување дека нема да коментираат додека не заврши официјалната истрага на полицијата

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1