По НАТО бомбардирањето, Србија е прва во Европа по стапката на смртност од рак


Србија е прва држава во Европа по стапка на смртност од канцер, а годишно оваа стапка се зголемува просечно за 2,5 отсто, што покажува дека проблемот со малигните тумори е многу сериозен во оваа земја, изјави онкологот Слободан Чикариќ, претседател на српското Здружение за борба против рак.Bolnica-pacijenti

Тој истакна дека причина за се поголемиот број на заболени и починати од малигни тумори е последица на НАТО борбардирањата во кои биле употребени 15 тони осиромашен ураниум. Врз основа на извештајот од Регистарот за рак при Инситутот за јавно здравство „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ за движењето на малигните тумори во 2012 година, вкупниот број на новозаболени изнесувал 36.408, додека починати биле 21.269 лица.

Според извештајот, кај машката популација доминира ракот на бели дробови, додека кај жените најчеста причина за смртност е ракот на дојка.

Чикариќ истакнува дека се уште нема податоци за 2014 година, но може да се очекува дека бројот на новозаболените е 40 илјади, имајќи го предвид годишниот раст на стапката на смртност.

Во февруари минатата година Светската здравствена организација изнесе податоци за движењето на малигните тумори во светот, според кои во 2014 година се очекуваат 14 милиони новозаболени во светот, а во 2034 година се очекуваат 24 милиони.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1