Централната разузнавачка агенција (ЦИА) на САД обелодени стотици документи, посветени на истрага на набљудувањата на НЛО во целиот свет, особено во Германија, Белгиски Конго (колонија која постоеше до 1960 година) и СССР.
Документите сумираат истраги на агенцијата посветени на НЛ до 1978 година. Главните архивски материјали се посветени на набљудувања направени од крајот на 40-тите и во 50-тите години. ЦИА ги разделила документите на две групи, во зависност од скептицизмот и оптимизмот во однос на припадноста на НЛО кон вонземски цивилизации.
Во документите од 1952 година се пријавени летачки објекти, забележани во источна Германија, над Шпанија, Северна Африка и над рудници за ураниум во белгиски Конго. ЦИА ги изложила и записниците од состаноците на различни комисии и дала детални инструкции за набљудувањата на НЛО.
Во ниту еден од документите не се презентирани докази за поврзаност на НЛО со вонземјани, бидејќи повеќето податоци содржат недоволно материјали за научна анализа.
Објавувањето на информациите на ЦИА се совпаѓа со излегувањето на новата сезона на “Досиејата Х”. Серијата е се прикажуваше од 1993 до 2002 година, а во 1998 и 2008 година беа снимени и два долгометражни филма. Новата сезона почна на 24 јануари на американската телевизија Fox.